Расте интересот кај странските гости за туристичката понуда на Македонија
Република Македонија оваа година ќе ја посетат 1,2 милион туристи, кои ќе реализираат 3,2 милиони ноќевања и ќе донесат девизен прилив од 24 милијарди денари (390 милиони евра).
Според податоците на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, само во првиот квартал оваа година забележан е раст на девизниот прилив остварен од туризмот од 26,5 проценти споредбено со истиот период лани.
Од јануари до јуни годинава се регистрирани над 923 илјади ноќевања на над 433 илјади туристи, што е раст од 16,4 отсто по бројот на туристи.
Сето тоа укажува на зголемување на интересот на странски гости за Македонија како туристичка дестинација.
Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот укажуваат дека за растот на бројот странски туристи во земјата влиаеле и активностите од прмовирањето на македонската туристичка понуда во бројни медиуми во Словенија, Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Турција, Полска, Романија, Естонија, Шведска, Израел и Бугарија.
Најинтересни за странските гости се скопскиот регион и Охрид како наша најпозната туристичка дестинација.
Ново на Сител
-
Јаневска: Имам информации за десетина ученици што препишувале на испитот
-
Од први јуни авиолинии до уште три градови во Турција
-
УХМР: Не очекува потопло и посушно лето
-
Кулминација на конфликтите меѓу САД и Кина: студенти, компании, минерали, чипови
-
Лавров и Рубио разговараа за Украина во пресрет на денешната рунда мировни преговори во Истанбул
-
Русија ноќеска соборила 162 украински дронови
-
Шест лица повредени во Колорадо од Молотови коктели, ФБИ смета дека е терористички чин | ВИДЕО
-
Аналена Бербок денеска се избира за претседателка на Генералното собрание на ОН