Раст на прометот на индустријата на странските пазари
Прометот во индустријата во август 2015 годинава, во однос на август 2014 година, бележи пораст од 8,9 проценти. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на домашниот пазар бележи опаѓање од 0,4 отсто, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 12,1 отсто.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење камен во август 2015 година, во однос на август 2014 година, бележи пораст од 18,9 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8,5 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот во август 2015 година, во однос на август 2014 година, бележи пораст кај Енергија за 0,5 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 7,2 отсто, Капитални производи за 12,8 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 12,1 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,6 отсто.
Прометот во индустријата во август 2015 година, во однос на јули 2015 година, бележи пад од 5 проценти, додека во периодот јануари-август 2015 година, во однос на периодот јануари-август 2014 година, раст од 8,4 отсто.
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит