Раст на цените во Хрватска: Инфлацијата меѓу највисоките во еврозоната
Инфлацијата во Хрватска, мерена со индексот на потрошувачките цени, во мај 2025 година достигна 3,5 отсто, во однос на 3,2 отсто во април, според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Споредено со другите земји од еврозоната, Хрватска останува меѓу земјите со највисок раст на цените, покажуваат податоците на Евростат. Во мај, цените на стоките и услугите за лична потрошња биле во просек за 3,5% повисоки во споредба со мај 2024 година, а за 0,4% повисоки во однос на април 2025 година. Со тоа запре трендот на намалување на годишната стапка на инфлација, која во јануари изнесуваше 4%, во февруари 3,7%, а во март и април 3,2%.
Највисока годишна стапка на инфлација е забележана кај услугите (6,2%), храната, пијалаците и тутунот (5,1%), енергијата (1,7%), додека цените на индустриските непрехранбени производи без енергија пораснале за 0,1%. На месечно ниво, цените на услугите пораснале за 0,6%, а на храната, пијалаците и тутунот за 1,2%, додека цените на енергијата паднале за 1,1%.
Според хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), инфлацијата во Хрватска во мај 2025 година изнесувала 4,3% на годишно ниво, што ја става земјата меѓу оние со највисока инфлација во еврозоната, заедно со Естонија (4,6%) и Словачка (4,3%). Просечната годишна стапка на инфлација во еврозоната во мај изнесувала 2,5%, според Евростат.
Ново на Сител
-
Трета Меѓународна конференција за фриленсери
-
Вакцинални тимови од наредната недела ќе одат во домови за стари лица за имунизација против грип
-
Медицинските сестри се соочуваат со низа проблеми
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ЗНАМ во Куманово