Расправија и навреди во Собрание: Џафери се изнервира, Јанушев му се врати на пултот, Мицевски делеше
Пратеникот Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница читаше вести, меѓу кои беше и веста дека синот на собранискиот спикер Талат Џафери без правосуден се запишал на Академијата за обвинители.
На ова реагираше Џафери, по што дојде до караница и меѓусебни навреди.
- Игор Јанушев, на синот на Талат Џафери не можеш да му дојдеш ни до малиот прст. Прво до малиот прст не можеш да дојдеш. Слушај сега, на синот на Талат Џафери ни ти ни многу од вас тука не можете да му дојдете до малиот прст. Второ, синот на Талат Џафери не се шета по судници. Синот на Талат Џафери не можеш да го видиш дрогириан – рече Џафери.
На говорницата се врати Јанушев, кој возврати дека читал вести.
- Ти нема да ми кажеш кај ќе идaм – рече Јанушев, откако Џафери му порача да се врати на место.
На крајот, координаторот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ излезе за да го тргне Јанушев од говорницата.
Ново на Сител
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?