Распишан конкурсот за наградата „Державин“
Друштвото на писателите на Македонија и Славјанскиот универзитет „Гаврило Романович Державин“ од Свети Николе го распишаа конкурсот за наградата за поетска книга која со своите содржински специфики и естетски вредности успешно се вградува во новите развојни процеси на македонската литература.
Наградата, што го носи името „Гаврило Романович Державин“, се востановува со парична донација на Славјанскиот универзитет од Свети Николе, а по повод претстојното одбележување на 70-годишнината од формирањето на ДПМ. Признанието ќе се доделува секоја година за најновите поетски остварувања на членовите на македонската писателска асоцијација објавени во последните 12 месеци, заклучно со јуни, соопшти ДПМ.
Одлуката за наградата ќе ја донесе тричлено жири составено од истакнати критичари, есеисти и поети. Свеченото предавање на признанието ќе се одржи во средината на септември на Славјанскиот универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе. На свеченоста ќе гостува поетскиот караван на ДПМ со учество на 20 поети од различни генерации.
Книгите што ќе конкурираат за наградата „Державин“ издавачите или самите автори ќе треба да ги достават во четири примероци, до ДПМ најдоцна до 20 август.
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар