-->
-->
Распишан јавен повик за фотографии за промотивен материјал на монографија на Велес
-->

Општина Велес распиша јавен повик до граѓаните за испраќање фотографии за промотивен материјал на опшината, отворен најдоцна до 7 март годинава, информира на денешната прес-конференција Катица Чадиева од Општина Велес.
Таа појасни дека тим на општината е во фаза на подготовка на нов промотивен материјал за општината, каде ќе доминираат фотографии од стар Велес, истакнати историски личности и културни дејци.
- Освен вакви стари фотографии од старите семејни албуми,велешани можат да достават и фотографии од инфраструктури објекти,урбани детали,градежни објекти, пејсажи од Велес и околината.Воедно можат да испратат и фотографии од манифестации и секаков друг вид фотографии кои ќе ја промовираат општината пред пошироката македонска и меѓународна јавност, потенцира Чадиева.
За фотографиите кои ќе бидат одбрани и внесени во промотивниот материјал ќе биде изготвена легенда која ќе го содржи и името на сопственикот. Останатите фотографии кои нема да се објават, информира Чадиева, нема да бидат злоупотребени и ќе им се вратат на сопствениците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Апасиев ја закажа комисијата за трагедијата во Кочани, очекува присуство на Гаши, Мицкоски и Сиљановска
-

Повредените во „Пулс“ полека се враќаат во нормала
-

Moзаичната мапа пред охриѓани
-

45 евра казна за возачите без зимска опрема
-

Преглед на вестите од светот
-

Две деца од О.У „Димо Хаџи Димов“ остануваат на Детска клиника, едно е пуштено на домашно лекување
-

Георгиевски, Апостолски и Бошкова предложени за судија во Стразбур
