Рашковски под псевдоним „Перо 078“: Гледајте утнете и да се убијам
Гледајте утнете и да се убијам, гласи една од пораките што ја испратил поранешниот генерален секретар, Драги Рашковски во Вибер група во којашто бил под псевдоним „Перо 078“, пред аукцијата за софтверот за сообраќајни прекршоци.
Според првообвинетиот Драги Рашковски, ова претставува само „една приказна напишана во ворд”.
– На екранот гледаме ворд-документ со текст и никаде нема Вибер апликација или пак пораки пренесени преку оваа апликација. Начинот на презентација не соодветствува со она што го гледаме, овој документ може многу лесно да се измени, сите можеме што сакаме да дополниме или избришеме од содржината, рече тој.
За случајот за којшто му судат, Рашковски е првообвинет за набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци преку фирмата „Инвока груп“, којшто софтвер Министерството за внатрешни работи со месеци не го користело, како и за оштетување на буџетот за 100 илјади евра со незаконито спроведување на јавна набавка.
Според обвинението, Рашковски и уште шест лица ја злоупотребиле службената положба при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, Софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и јавни набавки на камери и опрема за препознавање на регистарски таблички, се наведува во соопштението од Основното јавно обвинителство.
Ново на Сител
-
Треба да се работи на патната инфраструктура
-
Во општина Василево формирано доброволно противпожарно друштво
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-
Села ја сака Алијанса но без Таравари - ВМРО ДПМНЕ убедена во победа на изборите
-
МВ: Граѓаните сметаат дека институциите ефикасно се справија со трагедијата во Кочани
-
Семакедонски собир во Mелник: 110 години од убиството на Пиринскиот цар – Јане Сандански
-
Хуманитарна аукција за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани