Расчистено разбојништво во Скопје, кривична пријава против едно лице
МВР соопшти дека е поднесена кривична пријава против 22-годишен скопјанец осомничен за разбојништво.
-ЕВР Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава против И.Б.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. По преземени оперативни мерки и обезбедени докази било утврдено дека на 02.12.2023 со употреба на сила и закана од вработена во продажен објект на ул.„Ѓорѓи Поп Христов“ во Скопје одзел пари. На 04.08.2023, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, по што бил лишен од слобода, се наведува во соопштението од полицијата.
Пријавата е поднесена по консултација со јавен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка му е определена мерка притвор и бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.
Ново на Сител
-
Израел започна воздушни напади врз централна Газа
-
Излезноста до 15 часот на ниво на држава е 31,32%
-
Кац им наредил на ИДФ „силно да дејствуваат против терористичките цели на Хамас во Газа“
-
До 13 часот во Прилеп гласале 21,69, а во Крушево 33,88 проценти
-
Во Прилеп лишени од слобода две лица поради „поткуп при избори и гласање“
-
Локални избори 2025, вести во 14:00 на Сител Телевизија
-
До 13 часот во Чашка излезеноста 40 проценти, во Градско 26,01
-
Излезноста до 13 часот на ниво на држава е 20,16%