Расчистени шест кражби на подрачјето на СВР Штип, приведени четири лица
На 28.05.2022 во СВР Штип од страна полициски службеници од Одделението за општ криминал бил извршен службен разговор со Џ.Ј.(18) и малолетник, двајцата од Штип, во присуство на нивниот родител, поради основано сомнение дека на 09.05.2022 од детска градинка одзеле повеќе различни предмети, со што сториле кривично дело „тешка кражба“, казниво по чл.236, ст.1 од Кривичниот законик. Двете лица го појасниле начинот на извршување на кривичното дело и против нив ќе биде поднесено известување до ОЈО Штип.
Малолетникот бил повикан во полициска станица и претходниот ден (27.05.2022) и при извршен службен разговор со полициски службеници од Одделението за општ криминал при СВР Штип, во присуство на родител, тој го појаснил начинот на извршување на уште три кривични дела, од кои две кражби и една тешка кражба. Кражбите ги извршил на 01.05. и на 24.05.2022, при што од едно лице од Штип во двата наврата одзел повеќе предмети, а тешката кражба ја извршил на 03.08.2020, при што од правно лице одзел предмет. По целосно документирање на случајот, во координација со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, против него ќе биде доставен соодветен поднесок до ОЈО Штип.
Истиот ден (27.05.2022) службен разговор бил извршен и со Е.М.(21) од Штип, поради постоење основано сомнение дека на 06.04.2022 извршил кривично дело кражба, при што од едно лице одзел предмет. Е.М. го појаснил делото, а украдениот предмет бил пронајден и ќе биде вратен на сопственикот. Против Е.М. ќе биде поднесена кривична пријава по чл.235 ст.1 од Кривичниот законик.
Уште едно кривично дело „тешка кражба“ извршено на 17.12.2021 на подрачјето на Штип, поточно во с.Стар Караорман, е расчистено од полициските службеници на СВР Штип во соработка со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци. Против сторителот Љ.А.(48) од Кавадарци, кој го појаснил делото, а дел од украдените предмети се пронајдени кај него и ќе бидат вратени на сопственикот, ќе биде поднесена пријава до ОЈО Штип по член 236 став 1 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Тркалезна маса „Патот на Северна Македонија до ЕУ: Предизвици и можности во 2025“
-
Песков: Поддржуваме прекин на огнот, но со внимание на нијансите
-
Петиција во ЕП: Кошта да ја откаже посетата на Белград поради присуството на Вучиќ во Москва
-
Го купил пиштолот за 1.100 евра, отишол да се смират но по 15 мин го убил, детали за убиството во Штип
-
Макрон, Мерц, Стармер и Туск во Киев: Поддршка за Украина и повик за прекин на огнот
-
Петмина осомничени за убиството на странскиот државјанин донесени во штипскиот Основен суд
-
Продолжува националната еко акција „Генералка викенд“
-
Девојче прегазено од автомобил на „Партизанска“ кај Сити мол