Рама: Обединувањето со Европа е пат со две ленти, 100 отсто сум убеден дека во оваа деценија ќе станеме дел од ЕУ
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека обединувањето со Европа е како пат со две ленти, лента на секојдневното работење на реформите и политичка лента.
За време на разговорот на неговиот Подкаст, каде што беше поканета државната министерка за јавна администрација и антикорупција, Адеа Пирдени, Рама рече дека отворањето на преговорите на неговата земја со ЕУ, е многу важно и носи придобивки.
-Овој подкаст е посветен на најважниот, историски ден, во целосна смисла на зборот, на мојата мисија, бидејќи ми ја доверивме привилегијата да ја водам нашата заедничка Албанија. Обединувањето со Европа е пат со две ленти: секојдневната работна лента на реформите, мерките, фактичките и техничките проценки што се прават во Европската комисија и втората е политичката лента, бидејќи тоа е политичко семејство кое одлучува надвор од оние кои се објективни критериуми, посочува Рама.
Тој уште еднаш нагласи дека во оваа деценија Албанија дефинитивно ќе влезе во ЕУ, додавајќи „ Јас сум 100 отсто убеден дека ќе го постигнеме тоа“.
-ЕУ е простор на загарантирана индивидуална слобода и за тоа не се преговара, не се купува или продава за ништо. Второто за правниот поредок, она што се обидуваме да го воспоставиме за првпат во нашата историја, демократски правен поредок и за функционална демократија е дефинитивно работа која ги има сите свои тешкотии и денес ги покажува своите слабости и самата ЕУ, оценува Рама.
Тој и во ова прилика јасно стави до знаење дека има намера да се кандидира за четврти мандат во 2025 година, повторувајќи дека „има работа, иако во овие три мандати направивме неверојатни работи“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со доктор Катерина Мирчовска, директор на кочанската болница
-
Со владиниот авион ќе бидат евакуирани македонците кои се наоѓаат во Израел
-
Трет ден конфликт меѓу Израел и Иран, Трамп и Путин ја оценија состојбата како „многу алармантна“
-
Кочани на приоритетната листа за министерот за здравство - Алиу вели дека нема да оперира, туку ќе менаџира со системот
-
Процесот на рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани е долг, скап и макотрпен
-
Обвинителството им стои на располагање на семејствата на жртвите
-
Зајкова бара собраниска седница зад затворени врати за престојниот НАТО Самит
-
Откриени 5 гробници издлабени во камен на локалитетот Крклари дел од заштитеното подрачје Маркови Кули