Рама и Пленковиќ ги повикуваат ЕУ и Западот да донесат мерки против Белград

Премиерите на Албанија и на Хрватска, Еди Рама и Андреј Пленковиќ најостро го осудија „насилството на српските паравоени единици на северот на Косово, како и нивното „хероизација“ од Белград, со повик до премиерите на земјите од Европската унија и Западот да донесат мерки против Србија.
Рама, кој е во официјална посета на Загреб, на прес-конференција во Бански двори рече дека „агресијата на паравоените сили е еднакво загрижувачка како и реакцијата на Белград“.
„Имаме злосторство, убиство на полициски службеник и имаме хероизација на тие кои го извршија“, рече Рама, додавајќи дека тоа „не смее да биде прифатливо во Европа, која има спротивни вредности“.
Пленковиќ смета дека тие потези „не можат да останат без одговор“ и дека одлуката на Белград за ден на жалост „речиси подразбира идентификација со тоа што се случило“.
Тој изјави дека ќе следи истрага за целосно да се утврди што се случило, по што специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Приштина и Белград ќе предложи мерки.
Пленковиќ рече дека и Европската комисија (ЕК) може да донесе мерки автономно, без согласност на сите земји членки, како што тоа го направи пред неколку месеци против Косово.
Хрватскиот премиер истакна дека е сигурен оти мерките ќе бидат преземени, а Рама повика тие да се спроведат, како што рече, „без губење време“, бидејќи одлуката на Белград за ден на жалост не остава простор за поинакви интерпретации.
Ново на Сител
-

Новиот закон за ДДВ на пратки до 22 евра нема да ги удри по џеб граѓаните туку шпедитерите
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Алиу: Кај 10 пациенти без потреба направени кардиохируршки операции
-

Мицкоски уверува во стабилна коалиција, ВРЕДИ најавува зголемување на мнозинството
-

Почна собраниската расправа за буџетот 2026
-

Судиите со писмо до Мицкоски: Премината е границата на добро однесување
-

Град Скопје забрани домаќинствата и фирмите да фрлаат ѓубре од 22 навечер до 6 наутро
-

Преглед на вестите од светот
