Рама: Европа е на крстосница, Балканот на ЕУ никогаш порано не и бил поважен
Албанскиот премиер Еди Рама денеска оцени дека ЕУ, како најуспешна унија во историјата, се наоѓа на крстосница, посебно истакнувајќи го значењето на денешните претседателски избори во Франција за судбината на овој сојуз.
Според Рама, Балканот, инаку означен како буре барут, треба да и се придружи на Европа и таа потреба е посилна од кога било порано, но од друга страна и на Европската Унија Балканот никогаш не и беше попотребен отколку денеска.
Како што додаде, товарот на минатото во регионот е потежок отколку било каде на друго место во земјите на комунистичка Европа, така што напорите на земјите да се приближат кон Европа всушност претставуваат напор да се раскине со минатото, рече Рама во Џирокастро.
Тој изрази надеж дека исходот од изборите во Франција ќе биде во прилог на афирмацијата на Европа каква што ја посакуваме, но додаде дека фактот дека постои поинаква деструктивна алтернатива и дека тоа што за неа ќе гласаат милиони Французи не го отстранува прашалникот кога станува збор за иднината на Европа.
-Во Европа денеска постојат генерации кои не се сведоци на војни што во голема мера е заслуга на ЕУ, укажа Рама.
Но, и покрај тоа, денеска е очигледно и тоа дека кревањето ѕидови кон оние кои немале среќа да се родат во Европа не е алтернатива, рече Рама на свечаноста по повод Денот на Европа.
Ново на Сител
-
Почнаа преговорите со САД за намалување на високите царини кои ни ги наметна Трамп
-
„Македонско село“ ќе се отвори во јуни, концесионерот ќе плаќа месечна кирија од 3 и пол илјади евра
-
Нема место за 4.671 дете во градинките
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет да ја преиспита одлуката за Теодора
-
Филков: Останувам министер за правда – коалицијата функционира одлично
-
Меџити: Таравари да се одлучи
-
Филипче повика на уставни измени