Ракометарите на Веспрем триумфираа на Светско клупско првенство
Ракометарите на унгарски Веспрем се победници на 17. издание на Светското клупско ракометно првенство, откако синоќа во финалето во Каиро по продолженија го совладаа двократниот бранител на титулата Магдебург со 34-33.
Тоа е прва светска клупска титула за унгарскиот тим, а рекордер и натаму е Барселона со пет титули.
Финалето донесе одличен ракомет со многу резултатски пресврти и возбудувања.
Магдебург на полувремето имаше гол предност (14-13), а во вториот дел, унгарскиот тим во неколку наврати водеше со +4 (22-18, 23-19, 24-20). Германскиот тим, сепак, полека ја намалуваше негативата, израмнувајќи на 28-28 со голот на Лукаш Мертенс во самиот финиш.
Во продолжението Унгарците водеа со два разлика, 33-31, имаа и 34-32, а Магдебург успеа само да го намали резултатот на 34-33.
Унгарскиот тим до титулата го предводеа Фабрегас со девет и Ремили со осум голови.
Во германскиот тим најефикасни беа Омар Магнусон со седум и Албин Лагергрен со шест голови.
Во натпреварот за третото место египетски Ал Ахли ја победи Барселона со 32-29.
Ново на Сител
-
30 дена од трагедијата во Кочани
-
Продолжува владината посета на ОАЕ
-
Таравари останува во Вреди, но сам ќе оди на избори
-
Од петок трговците ќе ги објавуваат цените на интернет
-
Отворен и кариерен ден на УГД– Штип и Стопанска комора на Македонија
-
Фондацијата Елеуса обезбеди Велигденски пакети за над 200 семејства
-
Преглед на вестите од светот
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди