-->
-->
Ракометарите на Вардар подготовките за новата сезона ги почнуваат на 27 јули
-->
Европскиот првак Вардар подготовките за новата сезона ќе ги почне на 27 јули, и до почетокот на СЕХА лигата и Лигата на шампионите ќе игра на два турнири и неколку контролни средби
.
Настапот на ,,Супер Глоуб" неофицијалното светско клупско првенство, малку го смени првично планираното, но почетокот останува ист. Екипата се собира во Скопје на 27 јули каде ќе продолжи да тренира неколку денови и каде треба да се извршат потребните медициски прегледи.
Потоа во периодот од 3 до 10 август тимот ќе биде на базични подготовки во Крањска Гора, Словенија. Од таму се продолжува за Германија каде ракометарите треба да настапат на турнирот на Гумерзбах.
Потоа следува враќање во Скопје и подготовка за Катар. На Супер Глоуб се заминува на 22 август и во Доха се останува до 28 август.
Во меѓувреме се очекува и потврда на датумите за почеток на натпреварите во СЕХА Газпром лигата и лигата на шампионите.
Вардар сезонава го направи најголемиот клупски успех, освојувајќи четири трофеи: во домашното првенство, купот, СЕХА Газпром лигата и лигата на шампионите. Тоа досега не и успеало на ниту една машка македонска екипа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе бараат ли партиите разрешување на првата антикорупционерка?
-
Тема на денот со Александар Пандов, директор на управа за извршување санкции
-
Нема оставка од антикорупционерката
-
Пандов се сомнева дека криминални банди му ја запалиле куќата
-
Вреди станува партија, Касами се споменува за лидер
-
Судиите бараат промена на состојбата во правосудството преку реформи , а не со оставки
-
Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова избрани за врховни судии
-
Замрзнатите цени и маржи со половичен ефект, смета ССМ