-->
-->
Ракомет ЕП У-20: Македонските младинци во дуел против Холандија
-->

Младата машка ракометна репрезентација на Македонија попладнево го игра последниот, решавачки меч од првата групна фаза на Европското првенство за играчи до 20 години, што се одржува во Данска.
Во дуел од 3.коло на Ц групата, попладнево во Колдинг, македонските младинци ќе играат против врсниците од Холандија.
Само со победа изразена со четири гола разлика Македонија ќе ги задржи шансите за пласман во главната фаза. Но, тоа е првиот од двата услови. Вториот е во мечот меѓу Данска и Норвешка домаќините да остварат победа, во спротивно, нерешен резултат и се разбира победа го води Норвежаните во главната фаза.
Првиот меч, Македонија – Холандија ќе започне од 18, а дуелот меѓу Данска и Норвешка од 20 часот.
На табелата во оваа група води домаќинот Данска со 4 бодови, пред Холандија и Норвешка кои имаат по 2, додека Македонија досега е без освоен бод.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: За реконструкција уште не е разговарано меѓу партиите
-

Се одложи судењето за Веаповска
-

Преглед на вестите од светот
-

Во тек е акцијата за генерално чистење на Скопје
-

Конституиран советот на Град Скопје
-

Скопје добива и градски воз
-

Директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието, Илија Стоилев се уште во полициска станица
-

Бројот на пациенти со карцином на простата во постојан пораст
