Рајчкото светилиште го чува Светиот крст
Познатиот дебарски манастир „Свети Георгиј Победоносец“, кој се наоѓа во селото Рајчица, денеска го прославува големиот православен празник посветен на Воздвижението на чесниот и животворен Крст Господов, а кој народот традиционaлно го нарекува Крстовден.
Оваа манастриска слава е поврзана и со денот кога пред петнаесетина години почнало возобновувањето на конаците. Симболиката на тој ден беше уште поголема, бидејќи, според преданието, токму на Крстовден биле поставени темелите на стариот претходен манастир.
Во овој манастир 179 години се чува дел од крстот на кој е распнат Исус Христос и на кој верниците традиционално му се поклонуваат.
- Секогаш кога доаѓам тука се поклонувам пред него, како и целиот православен свет и како што велат ја пренесуваме пораката дека Крстот на Распнатиот и Воскреснатиот е оружје на мирот, наша пофалба, наша утеха, сигурност и заштита, наше ослободување, вели Љупчо Петревски од селото Татар Елевци, кој е во Рајчица за време на одбележувањето на празникот.
Со архиерејската литургија во манастирот ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство, митрополит Дебарско-кичевски, г. Тимотеј. По традиција се очекува големо присуство на верници од повеќе градови од земјава.
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари