-->
-->
Раца: Играчите точно знаат каде грешеа
-->
На стартот од квалификациите за Еуробаскет 2017 Македонија почна со победа и со тоа го продолжи низот од последните два квалификациски циклуси кога беа Украина и Белгија. Ова е репрезентација во формирање и затоа сите од нашиот табор повикуваат на трпеливост, особено што синоќа во кавадарци беше постигната победа.
- Сигурен сум дека е добро предупредување за продолжение на квалификациите. Почнавме опуштено, но потоа ја подобривме играта. Немавме концентрација во третата четвртина тоа се одрази на крајниот резултат. Тоа беше нашиот најслаб период. Не можвме да фатиме ритам, бидејќи не игравме сите добро во одбраната. Играчите точно знаат каде грешеа. Ако еден не игра во одбраната тогаш тоа е проблем за нас. Воедно не треба да не залажува високиот триумф на Унгарија над Велика Британија. Ќе ни биде тешко на гостувањето во сабота. Овие три репрезентации ќе се борат за местата што ќе носат пласман на Европското првенство. Би сакал да и се заблагодарам на публиката во Кавадарци која дојде да не поддржи и покрај тоа што имавме неатрактивен противник, изјави селекторот Драган Раца.
Во изјава за спортскиот портал „Спортмедиа“ капитенот Војдан Стојановски истакна:
- Нема потреба од незадоволство, цело време разликата беше двоцифрена, го контролиравме резултатот. Не погодивме во второто полувреме, но противникот играше со пет ниски играчи, цело време одат на шут, плус немаа што да загубат, погодија некои шутеви од далечина и се намалија. Нема место за никаква паника, ова е нова генерација, ќе има осцилации, само треба тие празни минути да ги намалиме и да не бидат пет, туку помалку. Велика Британија игра добро дома, ќе биде црвст меч, треба да се спремиме добро, и да имаме подобар пристап од тој што го имавме тука во второто полувреме, истакна капитенот, кој беше најефикасен во нашиот тим со 28 поени.
Луксембург настапи без класичен центар, а нашиот репрезентативец кој игра на таа позиција Љубомир Младеновски по дуелот изјави:
- Првиот натпревар секогаш е тежок. Почнавме опиштено, но ја подобривме играта, а слично ни се случи и во вториот дел на почетокот. Најважно е дека победивме. Во сабота одиме во Лондон и ако можеме да ги изненадиме, бидејќи сме со ист квалитет имаме шанси да ги совладаме.
Натпреварот Велика Британија – Македонија се игра во сабота (3.септември).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Скопје синоќа 92 сообраќајни прекршоци, 50 санкционирани возачи на мотоцикл
-
Најмалку 104 лица го загубија животот, а 28 се повредени во поплави во источниот дел на ДР Конго
-
Филков: Со новиот Закон за Судски совет воведуваме јасни критериуми и механизми за одговорност
-
Истрага за сообраќајна несреќа во Чаир во која има едно лице повредено
-
Приведен 29-годишен маж во Куманово, крадел предмети од црква
-
Укината забраната во Барселона и Тарагона за излегување надвор поради токсичен чад после пожар
-
Со секира ги нападнал родителите, таткото починал - приведен маж од кичевско
-
Индија и Пакистан упатија меѓусебни обвинувања за кршење на прекинот на огнот