Македонија
19. January 2019 - 15:12

Работник со тешки повреди итно пренесен во болница

Работник се повреди додека ги обавувал своите работни обврски. Како што стои во билтенот на МВР, вчера околу 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека Ј.М.(59) од населба Ченто, Скопје, вработен во приватна фирма, додека изведувал градежни работи во Индустриска зона Илинден,паднал и се здобил со тешки телесни повреди. Ј.М. бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.