Работилница за заштита на правата на сопственост
Заштита на правата на сопственост согласно Законот за сопственост и други стварни права, лица кои може да поседуваат имот, услови и начини за стекнување имот се дел од темите за кои денеска разговараа судиите од граѓанските оддели од сите апелациски подрачја од Македонија на работилницата „Заштита на правата на сопственост“ во организацуија на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.
Целта на работилницата, според организаторите, е да се подобри разбирањето на корисникот во поглед на правото на сопственост и негова заштита од страна на националните судови во земјите членки на ЕУ и Европскиот суд за човекови права.
Експертите од Хрватска и Словенија Ѓуро Сеса и Нина Бебето го претставија делокругот на правото на сопственост и трите правила во член 1 од Протокол 1 на Европската конвенција за човекови права, што го гарантираат правото на сопственост.
На работилницата беа анализирани специфични случаи на прекршувања на правото и прашањето за надоместок. Експертите ги разгледаа главните прашања поврзани со националниот закон за права на сопственост и дадоа совет за усогласување на неговото толкување со ЕУ стандардите.
Судијата во Апелацискиот суд Скопје Ѓорѓи Радојков во своето излагање ја презентираше заштитата на правата на сопственост согласно Законот за сопствени дејности и други стварни права, а за надомест за соодветна материјална штета поради прекршување на правото на сопственост говореше Дамир Контрец судија на Врховниот суд на Хрватска.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против четири лица и фирма за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево
-
На жена од кочанско и зел 4000 евра ветувајќи и пензија, па ја прекинал комуникацијата со неа
-
Активни три пожари - кај Винче, на Кожуф и на патот Богданци - Гевгелија
-
ПМФЛ: Победи за Вардар и Работнички
-
Трамп: Путин ме разочара, навистина ме разочара
-
Жител на Чашка измамен за 14 илјади евра, му рекле дека ќерка му имала сообраќајка и треба да се оперира
-
Делови од Карпош и Центар утре без вода
-
Премиера на филмот DJ Ахмет на последниот ден од фестивалот Браќа Манаки