Работилница за грижата за здравјето на лицата од трето доба во Крива Паланка
Општинската организација на Црвениот крст од Крива Паланка организираше работилница за грижа за здравјето на старите лица на која присуствуваа триесетина членки од Клубот на пензионери „Достоинствен живот“.
- Работилницата опфати две тематски содржини - права на старите лица од Законот за здравствена заштита и најчести заболувања во трето доба. Превентивното делување и соодветната грижа за здравјето на старите лица со информативни работилници за законска регулатива од областа на здравствената грижа и осигурување допринесува да се подобри квалитетот на живот на лицата од третото доба, изјави Дарко Пешовски, секретар на Општинската органзиација на Црвениот крст од Крива Паланка.
Едукацијата е дел од активностите на проектот „Тука сме и можеме“, финансиски поддржан од локалната самоуправа на општината со Програмата за поддршка на граѓански здруженија и организации за 2018 година.
Ново на Сител
-
Алиу: Осум досиеја на пациенти стигнаа до интерната комисија
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени