Работилница „Ризично базирана супервизија“ во Охрид

Агенцијата за супервизија на осигурување, во соработка со Светска Банка и Европското тело за осигурување и пензиски фондови (ЕИОПА), денеска и утре во Охрид организираат работилница на тема „Ризично базирана супервизија“.
Цел на работилницата е учесниците да се запознаат со начинот на спроведување ризично базирана супервизија, што е задолжително барање согласно новата Директива за Солвентност 2 за осигурување, која од 1 ноември годинава почна да се применува од страна на земјите членки на Европската унија.
Имајќи ги предвид стратешките цели на Република Македонија за пристап во Европската унија и потребата од усогласување на домашното законодавство со законодавството на Унијата, оваа работилница значително ќе придонесе во понатамошните активности во насока на хармонизација на домашното законодавство, велат организаторите.
За првпат ваков вид на настан во организација на Светска Банка и Европското тело за осигурување и Пензиски фондови (ЕИОПА) е организиран во соработка со регулаторен орган од земја која не е членка на Европска унија.
На работилницата најавено е Учество на претставници од супервизорски регулаторни тела од земји членки на Европска унија, како и од европски земји кои не се членки на Европската унија.
Ново на Сител
-

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ во официјална посета на Македонија
-

16 нови доктори на наука на УГД - знаење за практичен напредок
-

Преглед на вестите од светот
-

По децении дивоградби аеродромот во Охрид и МВР добија имотен лист
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Мицкоски во Унгарија
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Сител сторија: Спомен домот на Разловечкото востание конечно ќе види светли денови
