-->
-->
Путин загрижен за рап музиката: Не треба да се забрани туку да се контролира! Секс, дрога и бунт се главните причини за деградација на нацијата
-->
Загрижен за зголемената популарност на рапот меѓу руската младина, рускиот претседател Владимир Путин побара од службениците во одделот за култура да развијат алатки за контрола на истата, наместо да ја забранат популарна музика.
На вчерашната средба со советниците за култура во Кремљ, Путин рече дека обидите за забрана на изведувачите ќе имаат негативен ефект и ќе ја зајакнат нивната популарност, објави АП.
"Ако тоа не може да се запре, тогаш мораме да ја управуваме и насочуваме", рече рускиот претседател.
Тој рече дека "рапот се темели на три столба: секс, дрога и протест" и додаде дека "ова е патот кон деградацијата на нацијата". Путин исто така додаде дека "наркотичната пропаганда" е полоша од пцуењето.
Неговите коментари дојдоа во време на руските мерки против современата музика која потсетува на цензура во уметноста од советското време. Неодамна во Русија беа откажани неколку настапи на рап изведувачи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци