-->
-->
Путин: Руската армија ги „подобрува своите позиции“ на фронтот во Украина
-->
Руската армија ги „подобрува своите позиции“ на фронтот во Украина, вклучително и околу источниот град Авдијивка, кој беше цел на неколкудневни опсежни напади, изјави рускиот претседател Владимир Путин и повтори дека украинската контраофанзива „целосно пропаднала“.
„Нашите војници ги подобруваат своите позиции во речиси целиот тој многу голем простор“, рече Путин во интервју за руската телевизија, чии извадоци денеска на Телеграм ги објави Павел Зарубин, новинарот што го интервјуираше.
„Тоа се однесува на зоните Купјанск, Запорожје и Авдијивка“, додаде Путин и ја пофали стратегијата за „активна одбрана“ која, како што рече, ја спроведува руската армија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голем пожар во Дрисла
-
Голем пожар во Дрисла
-
Тема на денот со Радмила Шеќеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратеници утре на надзор во АНБ
-
ЈО со обвинение против Хајрулахи и Цветановски
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички