Путин побарал од поранешниот поручник во „Вагнер“ да формира доброволечки единици за борбите во Украина
Рускиот претседател Владимир Путин побарал од поранешниот поручник на паравоените формации „Вагнер“, Андреј Трошев, да формира доброволечки единици за борбите во Украина.
„На последниот состанок разговаравме дека ќе бидете вклучени во обуката на доброволечките единици оспособени да извршуваат различни борбени задачи, се разбира главно во зоната на „специјални воени операции“ во Украина“, му рекол Путин на Трошев, соопшти денеска Кремљ.
Путин оценил дека Трошев има искуство за мисијата, три месеци по неуспешниот обид за пуч на оваа паравоена група во Русија.
Трошев бил близок соработник на Евгениј Пригожин, кој загина во авионска несреќа во август и кој, според западните агенции, бил во немилост на Путин по бунтот.
„Знаете кои прашања мора да се решат однапред за борбените активности да се одвиваат на најдобар можен начин и со најголем можен успех“, му рекол рускиот претседател на Трошев.
Паравоената група, која одигра клучна улога во руската инвазија врз Украина, се обиде да го собори руското воено раководство со брз бунт кон крајот на јуни.
Пригожин тогаш кажа дека бунтот немал за цел да ја смени владата, туку бил насочен против Генералштабот на руската армија, кого го обвини за неспособност во конфликтот во Украина.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје
-
Индија и Пакистан потврдија за договорен прекин на огнот со посредство на САД
-
Одбележана 10 годишнина од настаните во Диво Насеље
-
Турчин во Скопје со капак од шахта удирал по глава свој сонародник, пробал да го убие
-
Вработена во основно училиште пријавила дека била нападната од ученик
-
Жената која беше пријавена за исчезната, пронајдена почината
-
Федерер за последниот натпревар: Му кажав работи на Ѓоковиќ кои го разнежнија
-
Пакистан подготвен за мир ако Индија ги запре воените дејства, вели министерот Дар