Loading Video...
Свет
10. May 2025 - 16:41

Преглед на вестите од светот

Со американско посредство Индија и Пакистан се согласиле на примирје, објави американскиот претседател Трамп

-По долга ноќ разговори со посредство на САД, со задоволство објавувам дека Индија и Пакистан се согласија на целосен И итен прекин на огнот. Честитки до двете земји за здравиот разум и одличната интелегенција, напиша Трамп.

Информацијата на социјалната мрежа ИКС ја потврди и пакистанскиот министер за надворшени работи. 

-Пакистан отсекогаш се стремел кон мир и безбедност во регионот, без да прави компромиси со својот суверенитет и територијален интегритет!, напиша Дар.

Примирјето следи откако конфликтот помеѓу двете нуклеарни сили ескалираше во текот на ноќта и утрото. Индија и Пакстан си разменија масовни воздушни и ракетни напади на западната граница и во регионот на Кашмир, а властите се обвинија и за директни напади врз воени и цивилни цели.

Според официјалните информации во нападите последните денови загинале 50тина цивили, а десетици се повредени од двете страни на границата.

И Европската Унија се придружи кон барањето на Украина, претходно поддржано и од САД за 30-дневен прекин на огнот почнувајќи од понеделник. Барањето во име на Унијата е поддржано од уште пет држави, меѓу кои и Македонија.

Речиси истовремено шефицата на Европската комисија и шефовите на Франција и Германија испратија исти пораки – ако Русија одбие примирје ќе се соочи со построги санкции, а Украина ќе доби поголема финансиска и воена помош.

Ова прашање беше и во фокусот на телефонскиот разговор помеѓу Трамп, Зеленски и лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и Полска кои утрово пристигнаа во Киев.     

-Сите лидери имаа суштински разговор со претседателот на САД, фокусиран на мировните напори“, објави украинскиот министер за надворешни работи Сибиха на социјалната мрежа X.

Одговор од Русија засега нема.

Пожар во фабрика за хлор создаде отровен облак над Барселона.

Шпанскиот власти издадоа предупердување за жителите на пет општини да не ги напуштаат своите домови. Во пожарот нема повредени, но последиците предизвикаа прекин на железничкиот сообраќај и блокади на патиштата, а хотелите и туристичките места останале празни, бидејќи гостите биле затврени внатре.

Властите попладнево ја укинаа забраната за движење.