Путин: Отворени сме за мировни преговори
Рускиот претседател Владимир Путин пред новинарите во Сочи изјави дека е отворен за преговори за завршување на војната во Украина, но, како што вели, Украина не ги сака. -Веќе разговарав за ова.
Никогаш не сме одбиле преговори. Затоа ве молам, ако сака другата страна, нека го каже тоа директно.
Значи, јас зборувам, но не слушаме ништо од другата страна, изјави Путин, пренесуваат руските медиуми.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано презентираше мировен план од десет точки за ставање крај на конфликтот, но тој ќе бара од Русија да ги отстрани своите војници од украинска територија.
Во Сочи денеска се состанаа рускиот и белорускиот претседател Владимир Путин и Александар Лукашенко за теми поврзани со регионалните прашања, меѓународната ситуација и решавањето на заедничките проблеми во економијата, вклучително и областа на замена на увозот.
Путин најави и дека со белорускиот колега ќе разговара за изградбата на брзиот автопат Москва-Минск.
Ново на Сител
-

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Трамп го потпиша законот за објавување на досиејата на Епштајн
-

Зеленски: Само Трамп и САД имаат моќ да стават крај на војната во Украина
-

Украина, Блискиот Исток, Сахел и Судан главни теми на денешниот Совет за надворешни работи на ЕУ
-

Облачно со повремени врнежи од дожд
-

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на границите
-

Најмногу дожд во Крушево, од недела опаѓање на температурите и снег на планините
-

Нормализиран сообраќајот на патот Македонски Брод - Скопје кај Јасен
