Путин: Обвинувањата за системски допинг на руските спортисти се неосновани

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека обвинувањата за системски допинг спонзориран од страна на државата на Зимските олимписки игри во Сочи, се засновани на сведочењето на луѓе со скандалозен углед.
Светската анти-допинг агенција (ВАДА) вчера објави извештај во кој се наведува дека министерството и руската тајна служба организирале допинг програма во текот на Олимписките игри во Сочи.
- Обвинувањата против руските спортисти беа базирани на сведочењето на еден човек, човек со скандалозен углед. Прашање е дали заклучоците донесени врз основа на сведочењето на такви лица се меродавни и уверливи, изјави Путин.
Тој алудира на Григориј Родченко, поранешниот прв човек на анти-допинг лаборатории на Русија, кој сведочеше по повод случувањата со допингувањето.
Рускиот претседател за најновиот скандал вели дека е инструмент за геополитички притисок.
- Облиците на политички притисоци се менуваат, но суштината останува иста, а тоа е спорт да стане алатка за создавање негативен углед на одредени држави и народи, нагласува Путин.
ВАДА побара суспензија на сите руски спортисти на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. За руските атлетичири, со одредени исклучоци, веќе постои таква одлука.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче цврсто против гласање на дијаспората - Мицкоски: СДСМ бара алиби за изборните порази
-

Меѓувладини конференции во Брисел за Црна Гора и Албанија, Македонија изостанува на Европскиот календар
-

Маркетите кои ги зголемиле профитните маржи - ќе бидат предупредени да ги намалат
-

Продолжуваат инвестициите во Охрид
-

Зголемен број на колапси поради топлото - дневно Брза помош има и по 10-тина вакви интервенции
-

ЦЈЗ Прилеп: Не се точни шпекулациите дека е зголемен бројот инфицирани со ХИВ за 50-тина лица
-

Нова стратегија за развој на туризмот на југоистокот од земјава
