Путин не сака во Русија „талибанци маскирани во бегалци“
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја повика својата земја да го спречи приливот на бегалци од Авганистан, каде власта ја презедоа талибанците, велејќи дека џихадистите можат да влезат во земјата под маска на баратели на азил.
– Нашите западни партнери упорно го поставуваат прашањето за сместување бегалци во земјите од Централна Азија пред да добијат визи за САД или други земји, рече тој на состанокот на претставници на владејачката партија Единствена Русија. – Но, кој е меѓу овие бегалци? Како можеме да знаеме?, праша рускиот претседател.
Тој процени дека „стотици, дури и стотици илјади, а можеби и милиони“ луѓе би сакале да го напуштат Авганистан.
Неколку поранешни советски републики во Централна Азија ја делат границата и со Авганистан и со Русија, дозволувајќи им на „борците маскирани како бегалци“ да стигнат до земјата, рече рускиот претседател.
За ситуацијата во Авганистан ќе се дискутира утре на онлајн самитот на Организацијата за договор за колективна безбедност, воена алијанса на неколку поранешни советски републики предводена од Русија. Путин веќе изрази загриженост во петокот, велејќи дека „терористите“ би можеле да влезат во соседенни земји на Авганистан, вклучително и „под маската на бегалците“.
Ново на Сител
-
Ништо ново за патот на Македонија кон ЕУ нема да донесе посетата на Калас во Скопје
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Екс директорот на Онкологија Нино Васев обвинет за сериозни кривични дела
-
За пожарот во Кочани досега сослушани 300 сведоци
-
13 лица осомничени за незаконско издавање дозволи за привремен престој на странци
-
Славески ќе се избира за гувернер на 3 јуни
-
Потпишан договорот за стратешко партнерство
-
Парите од Британија ќе се позајмуваат кога ќе имаме готов проект, каматата ќе зависи од рочноста