Loading Video...
Свет
23. May 2025 - 16:42

Преглед на вестите од светот

Доналд Трмап најави царина од 50 проценти за сите стоки од ЕУ кои се увезуваат во САД од 1 јуни.

„Европската Унија се покажа многу тешка за склучување  трговоски договор. Нашите разговори со нив не водат никаде! Затоа ја воведуваме мерката, рече американскиот претседател во објава на социјалните мрежи.

Најавата означува ескалација на трговската војна на Трамп со ЕУ. Тој првично предложи царина од 20 отсто за повеќето стоки од ЕУ, но ја преполови на 10 отсто до 8 јули за да даде време за разговори.

Втора рунда дикретни мировни преговори помеѓу Моксва и Киев ќе има но не Ватикан изјави шефот на руската дипломатија. Американскиот  претседател Трамп го даде предлогот преговорите да продолжат во Ватикан, а папата Лав Четиранаесетти прифати. Лавров говорејки на Дипломатската академија во Моксва, објасни зошто Русија нема да води преговори во Ватикан.

-Замислете го Ватикан како место за преговори. Би било малку неелегантно за православните земји да користат католичка платформа за да разговараат за прашања за тоа како да се отстранат основните причини  на конфликтот и една од основните причини е патот  за уништување на Украинската православна црква што е поврзана со  Московската патријаршија.

Украинските и руските преговарачи ги одржаа своите први директни разговори по повеќе од три години претходно овој месец во Истанбул. Договрија размена на по 1000 воени заробеници во блиска индидна  и се согласија секоја страна да подготви предлози за прекин на огнотто и да се дискутираат на следната средба.

Универзитетот Харвард веќе не смее да прима меѓународни студенти, одлучи администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Министертсвото за внатрешна безбедност го обивни Харвард за ширење антисемитизам и прокуминситички влијанија во својот кампус. Со оваа одлука, која веќе стапи на сила, Харвард не смее да запишува нови странски студенти а тековните странци ќе мора да се префрлат на други универзитети или да ги напушатат Соединетите држави.

Над 6.700 странски студенти биле запишани во институцијата минатата академска година, покажуваат податоците на универзитетот. Харвард ја оцени одлуката   на владата  како незакнска  , нагасувајки дека таа серизоно му штети на универзитетот и на земјата, и ја поткопува неговата академска и истражуваќка мисија.