Путин нареди формирање на нови резервни вооружени сили
Рускиот претседател Владимир Путин нареди формирање на нови резервни вооружени сили во момент на меѓународни тензии на Русија со Западот околу кризата во Украина.
За формирање на нови резервни сили се зборуваше неколку години, а Путин таква одлука првпат донесе во 2012 година по реизборот за претседател. Најновиот декрет на рускиот претседател е објавен вчера.
Новите сили ќе се разликуваат од постоечките резервни сили бидејќи ќе бидат хонорарци и ќе имаат редова обука.
Русија веќе има неколку милиони воени резервисти, меѓу кои поранешни војници, но малку време поминуваат во обука односно постои ограничување колку често можат да бидат повикани.
Новите резервни сили на почеток ќе бројат околу 5.000 луѓе, што е релативно мал број во држава која има околу 750.000 војници на првата линија.
Формирањето на новите резервни сили беше пролонгирано поради недостиг на финансиски средства. Во декретот на Путин се посочува да се најдат средства за финансирање на новите сили од постоечкиот воен буџет.
Ново на Сител
-
Стартува новата учебна година за над 245 000 ученици
-
Оваа школска година во Прилеп во основните и средните училишта ќе ја започнат околу 9.000 ученици
-
Охрид доби ново училиште
-
Филипче: Не се откажуваме од резолуцијата со црвени линии, до крајот на неделата документот ќе влезе во Собрание
-
Шумските пожари досега предизвикале штета од една милијарда денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња