Путин: Ќе соработуваме со новиот премиер на Велика Британија, кој и да е тој
Русија има намера да соработува со новиот премиер на Велика Британија, кој и да биде тој, изјави рускиот претседател Владимир Путин, но додаде дека новиот британски премиер треба да биде подготвен за соработка.
-Ние ќе се однесуваме кон тоа (резултатите на изборите за нов британски премиер) со почит и ние ќе соработуваме со сите оние кои сакаат да работат со нас, изјави Путин.
Тој додаде дека Москва се надева оти Лондон ќе ги слушне желбите на своите граѓани за соработка со Русија.
Рускиот претседател одби да се изјасни за кандидатите за британски премиер.
-Кандидатот, кој ќе го избере партијата, ќе биде премиер. Ние ќе соработуваме со секој, рече Путин.
Тој додаде дека е збунет од изборниот систем за премиер на Велика Британија.
-Делува дека постојано го вперуваат прстот кон нас поради демократските процеси во Русија, изборниот закон и друго, но ајде да го погледнеме методот за доведување на највисоко позиционираната личност во земјата, вели Путин и истакна дека во Велика Британија премиерот не го носат на власт преку избори, туку на партиски собир.
Тоа, како што рече, за него е чудно.
-Но, тоа е британскиот систем, констатира Путин.
Британската Конзервативна партија избра нов лидер по оставката на Тереза Меј, а фаворити во трката се Борис Џонсон и Џереми Хант.
Тие ќе се борат за функцијата британски премиер и лидер на Конзервативната партија
Ново на Сител
-
Македонија ќе ги укине царините кон САД
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
7 специјализанти добија решенија во охридската болница
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Софија бара ослободителна пресуда за основачот на клубот „Ванчо Михајлов“
-
Побаран притвор за поранешните директори