-->
-->
Путин ќе работи во изолација откако се ракуваше со доктор заразен со коронавирус
-->
Рускиот претседател Владимир Путин ќе продолжи да работи во изолација уште најамлку една недела, поради пандемијата на коронавирусот, соопшти Кремељ.
Портпаролот на Кремељ, Дмитриј Песков изјавил дека Путин и сите кои работат со него редовно се тестираат за коронавирус.
„Помина една недела и можам да кажам дека претседателот ќе работи од далечина уште најмалку една недела или подолго“ рекол Песков.
На 24 март Путин се состана со Проценко за време на посетата на болницата, специјализирана за лекување на заразени со коронавирус. Тие исто така се ракуваа, заедно се возеа со лифтот и разговараа без заштитни маски.
Заразата со коронавирус во Русија е потврдена кај 5.389 лица, од кои починаа 45.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци