-->
-->
Путин има само една желба за пензионерските денови
-->
Рускиот претседател Владимир Путин изминатава недела ја посети српската престолнина по четврти пат во неговата кариера. 66-годишниот лидер обожава да патува, но проблемот е што него го интересираат малку поинакви патувања – без голема придружба, камери, набиен распоред и премногу луѓе.Иако веќе долго време владее со Русија, како премиер и претседател и Путин ги планира своите пензионерки денови, а откри и како сака да ги помине.
-Сакам успешно да ја завршам кариерата, одговорил Путин на еден работник за време на посетата на Чељабинск, што бил еден од ретките моменти кога големиот лидер го спуштил гардот пред јавноста и прозборел за личниот живот.
- Многу сакам да патувам. Денес сите патувања ми се сведуваат на стигнување на аеродром, отседнување во хотел и пак враќање на аеродром. Би сакал да патувам поинаку. Да одам некаде во природа, да видам уште неколку туристички дестинации, рекол Путин.
Со оглед на тоа дека не зборува премногу за својот личен живот, само во уште едно интервју има откриено дека често оди на ловечки викенд во дивина каде негов пријател има куќа. Таму, вели тој, единствено може да се одмори баш како што сака и да ужива во своето хоби.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ССМ утре пред Владата ќе ја реализира последната блокада за зголемување на платите
-

Две Гркинки украле козметички производи од Трговски центар во Аеродром
-

Скопјанец ги нападнал мајка си и сопругата
-

Од вечер повторно врнежи, кои наместа ќе бидат пообилни
-

Мобилните царински тимови во 2025. со 271 случај на заплени
-

Од полноќ безнините поскапи за еден денар, цената на дизелот не се менува
-

Министерство за транспорт: Во дијалог со ЕК се операционализираат решенија за барањата на македонските превозници
-

Возеле иако имале забрана, едниот и под дејство на алкохол, приведени возачи во Тиквешко
