Путин: Додека јас сум на власт нема да има истополови бракови
Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека во земјата нема да се легализираат истополовите бракови се додека е тој на власт.
– Додека јас сум претседател тоа нема да се случи, истакба Путин на состанокот посветен на потенцијалните измени на Устав.
Јавното промовирање на хомосексуалноста е кривично дело во Русија, според Законот што го потпиша Путин во 2013 година.
Путин (67) како претседател и премиер е веќе две децении на власт, а актуелниот мандат му истекува во 2024 година. Тој е најдолговечен руски или советски лидер уште од времето на Јосиф Сталин.
Некои од амандманите на Уставот што се разгледуваат би можеле да му овозможат на Путин да ја задржи власта и по истекот на сегашниот мандат, како премиер со проширени овластувања, доживотен сенатор или лидер на советодавниот Државен совет.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата