Loading Video...
Свет
27. April 2024 - 16:30

Преглед на вестите од светот

Најмалку три жртви, срамнети со земја куќи, оштетени згради и   далноводи,  излетани возови од шините. Повеќе од 70 торнада го погодија централниот дел на Соединетите Држави, повеќето од нив во Небраска.  Спасувачките екипи ги проверуваат погодените објекти.  Околу 70 луѓе биле евакирани од  индустриски комплекс  кратко пред да се урне  во градот Омаха. Делови од Омаха се без струја поради поради оштетените  далноводи соопштија градските власти. Американската метеролошка служва и за денеска најави торнада во централниот дел на земјата.

Четири термоелектрани во Украиана се сериозно оштетени во жестоките руски напади со ракети, кои биле испалени од воздух, од Црното море и од копно. Во текот на ноќта мети беа  термолектраните во регионите во Дњепропетровск, Ивано- Франковск и Лавов објави министерот за енергетика а според армиското соопштение  руските сили нападнале до 34 ракети од кои 21 биле пресретнати. И Русија во текот на ноќта била цел на напади. Армискиот портпарол Игор Конашенко  информараше дека nнад  јужниот рускиот регион Краснодар и над анектираниот полуостров Крим биле пресртенати и уништени 68 украински беспилотни летала.

Американските разузнвачки агенции не пронашле докази за вмешаност на руското раководствот во смрта на рускиот опоизицски лидер Алексеј Навални објави Волстрит журнал. Венсикот повикувајќи се на извори од американските разизнвачки агенции , Путин најверојатно  не  наредил ликвидија на неговиот најжесток  критичар. Навални почина во арктички затворски логор во февруари на 47 годишна возвраст од како соопштија руските истражители  синдром на ненадејна смрт.

Американскиот претседател Џо Бајден го прифати  предизвикот  на Доналд ТРамп за јавна дебата во пресрет на претседателските избори во САД.  Бајден во радиоинтервју соопшти дека е подготвен да се соочи со неговиот републикански ривал.

  • Само сакам да кажам дека го поканив Бајден на дебата. Тоа може да го направи кога сака, рече ТРамп  
  • Не знам кога. Среќен сум што ќе дебатирам со  него рече Џо Бајден, претседател на САД

Бајден и ТРрамп дебатираа двапати за време на претседателксата кампања во 2020 година.  Изборите за шеф на Белата куќа ке се одржат во ноември.