Пусиќ: Процесот за избор на нов генерален секретар на ОН ќе биде потранспарентен

Хрватскиот министер за надворешни работи и европски прашања Весна Пусиќ, која е кандидат за генерален секретар на Обединетите нации, изјави синоќа во Њујорк дека изборот на првиот човек на ОН ќе биде потранспарентен во однос на претходните избори.
- Критериумите за избор на нов генерален секретар беа усвоени на 11 септември со резолуција на ОН, рече Пусиќ, која во рамки на Генералното собрание на ОН учествува на средба за критериумите за избор на нов генерален секретар.
Таа истакна дека во септември или во ноември ќе биде испратено писмо до државите-членки да кандидираат свои претставници, а тие кандидати ќе имаат можност да се им се претстават на земјите-членки и да одговараат на поставените прашања.
- Процесот за избор ќе биде потранспарентен, кандидатите ќе бидат јавно познати, процесот нема да се одвива зад затворени врати, како досега, рече Пусиќ.
Таа нагласи дека е постигнат консензус предност во изборот овој пат да имаат кандидатите од Источна Европа. Од регионот засега свои кандидати понудија четири земји, Срѓан Керим од Македонија, Ирина Бокова од Бугарија, Весна Пусиќ од Хрватска и Данило Турк од Словенија.
Пусиќ додаде дека има широка согласност прв пат жена да биде избрана за генерален секретар, но тоа не ја исклучува можноста и маж да застане на оваа позиција.
Ново на Сител
-

Тошковски: Се уште се непознати мотивите за палење на автомобилите на бугарската амбасада
-

СДСМ: Бесплатно образование, модерни вештини, повеќе шанси за младите
-

60 матуранти фатени како препишуваат
-

Народната банка благо ја затегна монетарната политика и ги зголеми каматите за 0,25 процентни поени
-

Од идната недела стартуваат мерките на Оперативниот план тежок 40 милиони евра
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското Езеро
-

Поштата во Струмица доби шест нови возила
-

Земјоделски експерти - битката за здрава храна почнува од нивата
