Пуштено во употреба метрото во Солун
По речиси 18 години од почетокот на изградбата, метрото во Солун од денеска е во функција, а беше пуштено во употреба, откако грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во присуство на претседателката Катерина Сакеларопулу и надлежните министри, симболично го притисна копчето за почеток со што тргна и првото метро.
Главната линија на метрото е во должина од 9,6 километри со два независни тунели со една насока, има 13 модерни станици, ќе сообраќаат 18 најсовремени автоматски метроа без возач, но со придружник, максималниот капацитет е 18.000 патници на час во еден правец.
Процентите се дека дневниот патнички сообраќај ќе биде околу 240.000 патници, но и дека на солунските улици секојдневно ќе сообраќаат 57.000 возила помалку.
Со метрото, за 17 минути ќе се стигнува од едниот на другиот крај на градот, билетот ќе чини 60 центи и ќе важи 70 минути.
Дополнително, на станиците ќе бидат вклучени и археолошките откритија пронајдени за време на изградбата, а на станицата „Венизелос“ се на површина од 1.260 метри квадратни, со што, како што информираа од грчката Влада е меѓународно најголемиот археолошки локалитет вклучен во голем технички проект.
Во ноември 2025 година ќе се заврши продолжувањето на метрото до Каламарија, што на мрежата ќе додадат уште 4,8 километри железничка пруга и пет нови станици.
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар