Пуштена вода за наводнување од хидрoсистемот „Брегалница“
Водостопанство на Македонија, подружница „Брегалница“ од Кочани денеска ја пушти водата од акумулацијата Калиманци низ левиот и десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“ во кој се опфатени полињата во Виничко, Кочанско, Штипско и Светиниколско.
- По направените опсежни подготовки и увид на расположливата каналска мрежа од хидросистемот, од изутрина ги пуштивме водите од акомулацијата Калиманци за наводнување на полињата во рамките на пролетната сеидба. Од стартот на наводнителната сезона максимално ги искоритивме водите од реките во Кочанско,посебно на Оризарска, Кочанска и Зрновска, но и за Брегалница и Злетовска, со што го ублажиме недостигот на акомулирана вода во акомулацијата Калиманци. Со измените на годишниот план за наводнување поради лошата хидролошка состојба на теренот, планираните површини под ориз од 5.100 ххектари се намалени за 2.500, изјави Николчо Гоцевски, директор на Водостопанство од Кочани.
Во акумулацијата Калиманци моментно се акомулирани 75 милиони метри кубни вода. Лошата хидролошка состојба во изминатите месеци проднесе во акумулацијата Калиманци да се акумулираат 40 милиони метри кубни вода, кои заедно со расположливите количини вода по завршувањето на минатогодишната наводнителна сезона кои изнесуваа 35 милиони метри кубни вода, сега на располагање за цела наводнителна сезона стојат на располагање 75 милиони метри кубни вода, што не се доволни колични за цела наводнителна сезоа, истакнува Гоцевски.
Според него, Водостопанство „Брегалница“ настојувало рестрикциите на оризовите површини да бидат сразмерно еднакви по атари, полиња и населни места. Површините кои се одбиени ќе бидат засеани со останати пролетни култури.
Ново на Сител
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава
-
Приватните превозници возат редуцирано – ги чекаат парите од Град Скопје
-
За 3000 евра македонски државјани војувале за Русија
-
Дали после празниците не очекува пикот на грипот?
-
Преглед на вестите од светот