Пукотници во близина на пристаништето во Ница
Непознато лице денеска отворило оган врз минувачите во близина на пристаништето во францускиот град Ница, јавува весникот „Нис Матин“.
Весникот јавува дека полицијата го опколила местото на нападот, но не успеала да го запре напаѓачот, кој истрелал неколку куршуми.
Според првичните информации, полицијата се упатила кон стан во зграда во близината каде се претпоставува дека напаѓачот побарал засолниште. Телевизијата Франс 3 објави дека при нападот, кој се случил на аголот на улиците Фодере и Лех Валенса, блиску до главното градско пристаниште, нема жртви ниту повредени.
Во јули 2016 година Ница беше цел на тежок терористички напад, во кој 86 лица беа убиени, а над 460 ранети, кога исламистот со туниско потекло Мохамед Лахуај Булел нападна за време на собирот во чест на Денот на Бастиља. Булел грабна камион со кој се уфрли на Англиската променада во близината на морскиот брег и ги газеше собраните граѓани.
Ново на Сител
-
Од куќен, сопственикот на „Марковски компани“ оди во ефективен притвор
-
„Плусинфо“: Сомнеж за ексфункционери на СДСМ вмешани во привилегиите на дискотеката Пулс
-
Предизборни активности на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-
Ветувања за подобар живот во општините добија граѓаните од кандидатите
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство