Пукање во Куманово, ранет кандидат за советник во Липково
Едно лице е рането попладнево откако врз него било пукано од возило во движење на улицата зад зградата на општина Куманово.
Локалниот медиум Кумановски муабети објави дека се работи за кандидат за советник во Општина Липково.
МВР соопшти дека повредениот е З.Ш.(43) од с.Слупчане, општина Липково и оти е пренесен во кумановската болница.
– Денеска во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со ул.„11 Октомври“ во Куманово, две лица лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф “, управувано од З.Ш.(43) од с.Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош, се наведува во информацијата од МВР.
Полициски екипи се на терен и вршат увид, а блокирана е улицата „11 Октомври“ на која покрај зградата на локалната самоуправа, се сместени сите поважни институции – судот, полицијата, поштата,…
Ново на Сител
-
Трамп: Ако Хамас не го предаде оружјето, ние ќе ги разоружаме
-
Грчките супермаркети ги симнуваат цените на 2.180 производи по интервенција на Владата
-
Ѕвездено небо во чест на Панчо утревечер на плоштадот во Штип
-
Зошто нема Нобелова награда за математика?
-
Николоски: По локалните избори ќе нема предвремени парламентарни, туку расчистување во судството и обвинителството
-
Урсула фон дер Лајен при посетата на Белград: Ставот на ЕУ подразбира слобода, а не репресија
-
Хегсет: Мир може да постигнете само кога сте силни
-
Во Србија почнува примена на Одлука на НБС за олеснување за корисници на кредити кои имаат оправдани причини за враќање на долгот