Пукање синоќа во Гостивар
Истрели од огнено оружје вчера околу 23 часот се слушале во близина на ресторанот „Албис“ во Гостивар.
Од страна на полициски службеници излезено е на лице место при што покрај паркирано возило „Сеат Ибица“ со австриска национална ознака забележале повеќе чаури, а во внатрешноста на возилото забележале кутија од муниција за сигнално оружје.
- Идентификувано е лицето кое го управувало возилото, се работи за 25-годишниот Г.Н. од Австрија, и при проверка во системот на МВР утврдено е дека истиот добил отпуст од македонско државјанство, а моментално бил со привремен престој во Република Македонија. На подот во возилото, кај предното седиште пронајден е сигнален пиштол „Валтер Р88 компакт“, информираат од МВР.
Со потврда за привремено одземени предмети сигналниот пиштол е одземен од Г.Н., а против истиот ќе биде поднесна соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Муртезани: Очекувам да расте бројот на пратеници
-
Мицкоски: Жалам за одлуката на Таравари
-
Прв состанок на националниот консултативен механизам за Реформската агенда
-
Струмица со план против загадениот воздух
-
Преглед на вестите од светот
-
Фетаи: Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило
-
Мицкоски најавува промени во Владата
-
Тема на денот со Весна Мојсова-Чепишевска