-->
-->
Првото музичко училиште во земјава одбележа 73 години постоење
-->
Првото музичко училиште во земјава, велешкото ООМУ „Стефан Гајдов“, одбележа 73 години постоење. По тој повеќе синоќе во салата „Бели Мугри“ во Велес учесниците и професорите го одржаа традиционалниот годишен концерт.
Најдобрите ученици од сите класи на пијано, флејта, виолина, виолончело, кларинет и гитара се претставија со познати дела од класиците на музиката, од Моцарт, Чајковски, Бах и други.
Настапи и хорот под диригенство на професорката Славица Ставрева и оркестарот составен од жичани и дувачки инструменти, под диригенство на професорите Златко Андреев и Роска Чукниева и Елена Георгиева.
Светлана Ташева директор на ООМУ „Стефан Гајдов“ во своето обраќање до присутните потсети дека учениците како и во изминатите и оваа учебна година учествувале и се добитници на многу домашни и меѓународни натпревари по музика.
За постигнатите високи резултати на полето на музицирањето,и достојно презентирање на музичкото училиште во земјава и странство, директорката Ташева им врачи благодарници од училиштето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Какви казни има за сквернавење национални симболи?
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Самарас: Грција да најде начин да се повлече од Преспа