Прво издание на театарскиот фестивал „Акт Фест 2019“
Од денеска до четврти декември ќе се одржи првото издание на театаркиот фестивал „Акт Фест 2019“, наменет за актерот и реализацијата на улогата на албански јазик.
Во рамки на петте фестивалски вечери ќе бидат одиграни шест претстави од театарски куќи од Албанија, Косово и Северна Македонија.
Фестивалот ќе се одржува на две локации: во Македонскиот народен театар (МНТ) и во Театар Комедија.
Претставата „Чекална“ на Театарот „Миѓени” од Скадар ќе ја отвори првата фестивалска вечер.
На втората вечер ќе бидат одиграни две претстави„Куклата” на Театарот „Беким Фехмиу” од Призрен и „Смртта на Дантон” од Албански театар – Скопје.
На четвртата и петтата вечер ќе се изведуваат претставите „Артуро Уи” од Народниот театар Косово и „Медеа” од Народниот театар „Кујтим Спахивогли” – Тирана.
Стручното жири составено од Ндричим Џепа, Вехби Ќерими и Шкумбин Истрефи ќе одлучува за петте награди кои ќе бидат доделени на крајот на фестивалот.
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Митинг на СДСМ
-
Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ
-
Скапата терапија проблем за лицата со ретки болести
-
Преглед на вестите од светот
-
Ветото ја кочи ЕУ, отпор кон предлогот на Кошта за квалификувано мнозинство
-
Советниците на Град Скопје ја завршија последната седница за нецели 5 минути и заминаа на коктел
-
Мицкоски и Филипче се обивнуваат за црна кампања