Првенците на генерацијата од Кочани ќе летуваат на островот Паг
Првенците на генерацијата од Кочани од 3 до 10 јули ќе летуваат на островот Паг, Република Хрватска. Ова е награда од општина Кочани и градоначалникот Ратко Димитровски за постигнатите успеси во школувањето.
Наградата е резултат на повеќегодишната соработка на општина Кочани со хрватската Крижевци. На одмор ќе заминат осумтемина најдобри ученици од основните и од средните кочански училишта.
По иницијатива на градоначалниците на Кочани и на Крижевци, Ратко Димитровски и Бранко Хрг, трета година се реализира меѓуопштинската соработка за летување на кочанските ученици во Паг и зимување на крижевски ученици на Пониква.
На средбата на учениците со градоначалникот Димитровски пред нивното заминување, беше истакнато дека овие две пријателски општини настојуваат да ја продлабочуваат соработката во сите сфери од живеењето, а тие во Паг ќе бидат амбасадори на Кочани и на Македонија.
Покрај бесплатното летување, учениците на генерацијата од Кочани како награда од општината добија и по 6.000 денари.
Ново на Сител
-
Влада: Не е именуван в.д. заменик на директор на КПД Идризово
-
Заврши општата комисиска расправа по ребалансот на Буџетот, амандманската почнува во понеделник
-
Путин: Јакнењето на рускиот идентитет е основа на иднината на земјата
-
ЦУК: Активни два пожара, еден ставен под контрола
-
Во полиција задржани тројца кавадарчани, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца спречувале преземање на службени дејства
-
Тешко повреден малолетен пешак во Куманово по удар на автомобил
-
Експлозија во магацин за пиротехника во Бугарија
-
Продолжи собраниската комисиска расправа за ребалансот на Буџетот