Првата нова редовна седница на Собранието закажана за 16 јануари
Првата нова пленарна седница во 2024 година е закажана за 16 јануари, информираат од Собранието. На дневен ред се повеќе точки со пристигнати нови материјали.
Засега на оваа 138. седница на дневен се Предлогот на закон за дополнување на Законот за државно правобранителство, Предлогот на закон за административни службеници, Предлогот на закон за вработените во јавниот сектор, Предлогот на закон за стручно усовршување и обука на административните службеници, Предлогот на закон за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација, Предлогот на закон за изменување и дополнување на законот за електронско управување и електронски услуги, Предлогот на закон за рибарство и аквакултура и
Предлогот на закон за гаранција на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, сите по скратена постапка.
Пратениците треба да ги разгледаат и Предлогот на закон за правда на децата и Предлогот на закон за изменување на законот за управување со дополнителни текови на отпад, двата во прво читање, како и Барањето за давање на автентично толкување на член 62 од Законот за високото образование, поднесено од пратеникот Фиснике Бектеши Шаќири.
По новогодишните празници, како што е најавено, Собранието ќе започне со работа на 9 јануари со редовна координативна седница на претседателот на Собранието со првите луѓе на пратеничките групи. За 9-ти е закажана и седница на собраниската Комисија за локална самоуправа, а на 11-ти јануари седница на Комисијата за здравство.
Седницата за техничката Влада, како што изјави претседателот на Собранието Талат Џафери, кој ќе биде и премиер на преодната Влада, ќе биде закажана за 27 јануари.
Ново на Сител
-
Овошна садница за пластично шише, еколошка акција во општина Босилово
-
Преглед на вестите од светот
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик-Ток доби кривична пријава
-
Тема на денот со проф. Д-р Марија Јовановски Срцева, директорка на ТОАРИЛУЦ
-
Штипска Апелација утре ќе одлучува за притворите на екс градоначалниците на Кочани
-
СДСМ и ДУИ бараат анкетна комисија во Собрание за истрагата за Кочани
-
Како се вршат проверките за безбедност во станбените згради?
-
Нема да се затвораат училишта и градинки, властите проверуваат дали се опремени со ПП апарати