Нема да се затвораат училишта и градинки, властите проверуваат дали се опремени со ПП апарати
Нема да се затвораат ниту градинки, ниту основни и средни училишта. Вонредните контроли кои се спроведуваат по пожарот во Кочани, досега покажале дека најголемиот дел од воспитно-образовните институции се опремени со противпожарна опрема, но сепак има проблеми во училиштата во внатрешноста. Некои немаат ПП апарати, други и да имаат, не биле редовно одржувани.
„Следува контрола на ПП апаратите и дали цревата се на вистинско место“
На помош доаѓа и стручноста од германска амбасада. Прво ќе се едуцираат наставници како да се однесуваат во случај на пожар, земјотрес или друга вонредна ситуација. Потоа преку надоградба на образовните програми, следуваат и вежби за евакуација со учениците.
По фаталната несреќа во дискотеката Пулс, алармот го вклучуваат и студентите. Бараат службите да ги проверат сите студенски домови, но и сите факултети дали има доволно ПП апарати, фукционални хидрантски мрежи и соодветни планови за евакуација.
Меѓу барањата се, и организирање на евакуација на студентите најмалку еднаш во текот на академската година, со цел подигнување на свеста и подготвеноста во случај на евентуална опасност.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар