Првата фотографија од Самсунг Галакси С8: Има нешто што ниеден телефон пред него го нема!
Твитерџијата Еван Блас, сопственик на @evleaks, објави фотографија од Самсунг Галакси С8 кој наводно ќе има две верзии.
Една од верзиите на новиот Самсунг Галакси С8 ќе има екран од 5,8 инчи, а другата 6,2 инчи. Двата модели ќе имаат благо закривени екрани.
Помалиот модел од 5,8 инчи ќе има батерија од 3.000 mAh додека 6,2 инчниот модел ќе има батерија од 3.500 mAh, двата модели би требало да имаат најмалку 4 GB RAM и најмалку 64 GB интерна меморија. Се очекува една од верзиите да има моќен Snapdragon 835 процесор.
Галакси С8 ќе има скенер за отпечаток на прстот на заднината, бидејќи Самсунг одлучи да го отфрли традиционалното Home копче. Исто така телефоните се дизајнирани така да 83 проценти од предната страна на уредот да биде екранот. USB Type-C порта и 3.5mm приклучок за слушалки се наоѓаат на дното од телефонот окружени со стерео звучници.
Според пишувањата на порталот Venturebea, Самсунг Галакси С8 би можел да го претстави на 29. март.
Погледнете ја фотографијата:
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини