Loading Video...
Фудбал
23. August 2023 - 19:59

Прва МФЛ: Дербито на шампионите Вардар-Силекс без победник, бодови за Гостивар и Шкендија

Во дуелот на поранешните шампиони Вардар и Силекс одиграа 2-2 во борбен и докрај неизвесен натпревар. 

Црвено-црните предводени од новиот тренер Васоски ги посакуваа првите бодови во првенството и шансата им се отвори откако Силекс остана со играч помалку по исклучувањето на Љамалари кој направи пенал врз Омерагиќ а Мицевски обезбеди водство од 1-0 за домашниот тим. 

Но и во таква ситуација гостите од Кратово не се помирија со судбината и со евроголот на Ангелески на стартот од вториот дел израмнија на 1-1. 

По овој гол на Силекс следува нов  притисок на Вардар  и по несигурната интервенција на гостинската одбрана Велкоски носи ново водство за црвено – црните. 

Но не за долго бидејќи екипата на Горазд Михајлов  направи нов обид и Ефтимов по еден корнер постигнува гол за израмнување на 2-2 што и покрај обидите на двата тима да дојдат до победа на крајот беше конечен резултат. 

Прва прволигашка победа за Гостивар  кој славеше со 2-0 против Работнички на домашен терен. Стрелци на головите за новиот прволигаш беа Потук во првиот дел и Селмани во вториот. 

Со 2-0 победи и Шкендија во пресметката со Брегалница. Сините беа поразени со головите на Аганспахиќ и Дита постигнати во второто полувреме со што лигашот од Тетово со максимален успех најавува атак на нова шампионска титула.  Македонија ЃП и Шкупи во скопското дерби одиграа без голови.