Прва меѓународна конференција за енергетика во Македонија

Малите хидроелектрични централи, со моќност до 10 мегавати спаѓаат во групата на обновливи извори на енергија за кои постои соодветна поддршка и кои придонесуваат за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и немаат негативно влијание врз животната средина.
Ова денеска го истакна заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски на Првата меѓународна конференција за енергетика во Македонија што се одржа во Скопје.
- Согласно определбите на Владата на Република Mакедонија за реализација на Проектот „Мали хидроелектрични централи и искористување на обновливите извори на енергија“, МЖСПП, како надлежно министерство за спроведување на постапките за доделување на концесија за користење на вода, изработи “Физибилити студијата за оправданост на доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија со изградба на 80 мали хидро-електрични централи”, и врз основа на неа ги спроведе шестиот и седмиот тендер за реализација на вакви енергетски објекти, истакна Темелковски.
Шестиот тендер за доделување концесија за користење на вода за 80 мали хидро-електрични централи е спроведен во 2014 година, врз основа на кој се одвиваат активности за 28 мали хидроелектрани со инсталирана моќност од околу 29 МW. Седмиот тендер е објавен во февруари оваа година и со истиот се опфатени 35 локации од студијата, со проценета инсталирана моќност од околу 28 MW.
Темелковски информира дека Министерството во тековнава година спровело дополнително уште една постапка за 11 мали хидроелектрични централи, на локации предложени од заинтересирани правни и фоизички лица за кои се утврдило дека постојат реални услови за реализација.
- Во наредниот период, планираме да започнеме постапка за изработка на Физибилити студија за оправданост, на нови локациии за мали хидроцентарли, со што ќе се продолжи со реализацијата на една од долгорочните цели на Владата на РМ во енергетскиот сектор, за зголемено искористување на обновливите енергетски извори и производство на еколошки чиста „зелена“ електрична енергија, рече Темелковски.
Конференцијата е организирана од страна на консултантските фирми „Манасков“ и “Технички Консалтинг“, во соработка со Сојузот на стопански комори на Р.М.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
