Македонија
26. October 2017 - 8:32

Прва јавна консултација за ново студентско организирање

На Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе се одржи прва јавна консултација за ново студентско организирање во организација на Младински образовен форум и Фондацијата Отворено општество -Македонија.

Целта на иницијативата, според организаторите, е да ги собере мислењата за нов модел на студентско организирање. Овие консултации ќе помогнат во дефинирање аргументи и предлози кои би се доставиле до надлежните институции за подобрување на решенијата во рамки на Законот за високо образование.

Предвидено е вакви јавни консултации да се реализираат со студентите на повеќе јавни универзитети во Македонија во периодот октомври-ноември 2017 година.